Зоран Заев вели дека во моментов се во тек консултации дали има можност законското решение за државјанство да биде повлечено од Собранието и повторно да биде испратено, но, со европско знаме, доколку тоа е согласно одредени директиви и регулативи на Европската Унија.
– Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива, ние немаме проблем, бидејќи го усогласивме заедно, да го пуштиме истото законско решение со европско знаменце. Но, во моментов се прават проверки, консултации со стручните служби. Со законодавство со СЕП, за да се види дали таму има точно прецизно јасно дефинирани европски директиви или регулативи, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
Верувам, рече Заев, дека парламентот на ваков или онаков начин ќе најде можност да гласа за ова законско решение без разлика на тоа што некој, од необјасниви причини, го блокира.