Строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширање на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април побара претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Тој најави дека дека одлуката за одложувањето на изборите ја донеле синоќа. Овој предлог рече Заев, ќе биде презентиран на денеска закажаната седница на Советот за национална безбедност.
Лидерот на СДСМ рече дека очекува претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба. За тоа кој би бил новиот термин, рече треба да постигнат договор политичките партии, но, како што рече, тоа би требало да се случи кога ќе биде безбедно за граѓаните.