Премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на ненасилство повика да се спротиставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, дека со зборови и со дијалог секогаш се доаѓа до решение.
– Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да нѐ потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање. Ве повикувам сите, да се спротиставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, дека со зборови и со дијалог секогаш се доаѓа до решение, вели премиерот Зоран Заев во видео пораката објавена не неговиот Фејсбук профил.