Да носиме заштитна опрема, да одржуваме растојание, редовно да миеме и дезинфицираме раце, објави бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
– Ова се трите основни правила кои мора сите да ги почитуваме за заштита од коронавирусот, за да се заштитиме сами себе, нашите најблиски и сите наши сограѓани. Прекршувањето на заштитните мерки е недозволиво. Секој од нас има одговорност. #ЗаштитиСе, објави Заев на Фејсбук.
Освен мерките кои тој и неговата партија ги пропагираат против коронавирусот, кој не стивнува во Македонија, истовремено повикуваат на избори „час поскоро“.
Редовното миење раце се учи уште во детска градинка. А кога децата ќе пораснат дознаваат дека „миењето раце“ освен буквалното има преносно значење.
(Д.Г.)