Зоран Заев на гостување на Телма, рече дека денеска државата платила за набавка на 838 илјади вакцини против Ковид-19.

Вакцините треба да пристигнат на почетокот на идната година, односно некаде во март.

Како што е познато, и како што најави министерот Венко Филипче, први ќе се вакцинираат здравствените работници, војската и полицијата.

Филипче во текот на минатата недела најави дека здравствениот систем се подготвува за вакцинација на населението.