Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, вели поранешниот премиер Зоран Заев во честитката до неговиот поранешен колега и пријател, Бојко Борисов.
– Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори. Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Боико Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, напиша Заев на неговите два профила на Фејсбук.
Вчера во Бугарија се одржаа парламентарни избори, што се трети за период од 1,5 година, а како што објавивме победник е партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Борисов.