Пред 5 години на денешен ден улицата „Диво Насеље“ стана воена зона, објави денеска бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Престрелката ја уништи населбата, загинаа 8 припадници на полициските единици, 37 беа повредени. Душевната болка, чувствата, траумите низ коишто поминаа нашите сограѓани, додека се случуваа борбените дејствија никој не може да им ги надомести. ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ! ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!- објави Заев.