Бившиот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека е донесена одлука за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ.
– Донесена е одлука! С. Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот, напиша Заев на Фејсбук.