Укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе побара денеска нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, сопруга на поранешниот министер и претседателски кандидат на СДСМ и актуелен декан на ФОН, Љубомир Фрчкоски.
Фрчковска во изјава за МИА рече дека барањето ќе го достави до Судот во текот на денов. Таа ќе побара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.
Ваков настан пред неколку дена „предвиде“ и премиерот Зоран Заев, во разговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Подоцна Заев негираше дека го „предвидел“ излегувањето од притвор на Јанева.