На прашањето за одговорносста во врска со 14-те загинати во пожарот во Тетово, во дуелот со Мицкоски, вечрва Заев истакна:
„Одговорноста е голема кај Владата, кај мене како претседател на Владата, кај сите институции, но реков дека сакам да ги видам резултатите од истрагата, за да ги донесам одлуките. Се работи за министер и заменик-министер за здравство. Во услови на пандемија сработија сериозни предизвици, да се справат со пандемија, со сите предизвици на непознатото, пандемијата сѐ уште опстојува… Јас го разбирам и го поздравувам етичкиот чин на одговорност, но тука е и одговорноста за она што значи континуитет на системот, одговорност пред сѐ за она што доаѓа пред нас, затоа што сериозни предизвици допрва ќе има“, рече Заев.
Тој додава дека никогаш не рекол оти ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, нема да ги прифати нивните оставки.
„Одговорноста кај мене е поголема затоа што сум и претседател на Влада, затоа што сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери, претходно изработени во фабрики. Законот јасно тоа го пишува, информира премиеро и посочи дека за трагедијата „ќе одговораат на прашања додека се живи“.