Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа, во врска со неодамнешната ситуација со Бугарија и спорот за идентитетот на Гоце Делчев рече:

„Денес имаме изјава на Борисов дека го признава јазикот и тој е дел од договорот, со текст во Договорот потпишан од мене и премиерот. Бугарија сака да продолжи со решавањето на историската позиција. Го решивме спорот за цар Самоул, ќе најдеме и решение за Гоце Делчев.“ – рече Заев.