Зоран Заев во вестите на Сител, го коментираше возниот парк на пожарникарите, поточно оној камион ФАП кој се појави во струмичко да гаси пожари.
Заев кажа дека на терен е активен и дека истурил многу вода.
-Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е, рече Заев.