За зајакнување на односите меѓу Македонија и Канада во сите области како сојузници во НАТО се заложиле денеска премерите Зоран Заев и Џастин Трудо на средбата на маргините на Самитот на НАТО во Лондон.
На средбата присуствувале и заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, а на неа било поздравено скорешното полноправно членство на Македонија во НАТО, како резултат на успешните реформи кои дојдоа со враќањето на демократијата во земјата и со засилување на евро-атлантските интеграциски процеси.
Премиерите Заев и Трудо низ разговорот на средбата ја афирмирале определбата на двете земји да градат посилни пријателски односи, сега и како сојузници во Алијансата.
Тие потенцираа дека и двајцата ќе се заложат за зајакнување на економските врски и на промоцијата на можностите за инвестиции на компаниите од бизнис заедницата на Канада во нашата земја.