Грција е земја-членка на Европската унија и партиципира преку Европската комисија во целата поддршка за дигитализација на Северна Македонија, порача денеска премиерот Зоран Заев.
-Ние сме многу среќни и благодарни на сите граѓани на ЕУ, вклучувајќи го и нашиот јужен сосед Грција кој индиректно учествува во овој проект. Денеска имаме задоволство како гостин да го имаме грчкиот министер за информатичко општество Николас Папас кој доаѓа од пријателска земја за да развиваме заеднички проект што е порака за младите генерации да соработуваат во секоја област на економскиот живот, а особено во дигиталната економија, рече Заев во одговор на прашање на грчкиот новинар од ЕРТ на промоцијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.