Премиерот Зоран Заев на денешанта прес-конференција уште еднаш потврди дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори.
-Јас сум претседател на СДСМ и им давам поддршка на кандидатите за градоначалници бидејќи тие посветено работата изминативе години. Ќе се слушната и мислењата на граѓаните. Ја верувам дека Шилегов има изградено висок рејтинг бидејќи во време на пандемија и во време на референдум се работеше. Локалните избори се избори на личност. И тој е добра спојка за сите коалициони партнери, кажа Заев.
Заев, во одговор на новинарско прашање дали ќе има заедничка поддршка со ДУИ на градоначалникот Петре Шилегов, кој вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, рече дека тој дава поддршка на социјалдемократските градоначалници, потврдувајќи дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори.
–Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ. Тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат. Јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, се унапредуваме, модернизираме. Јас сум претседател на СДСМ, секако давам поддршка на сите мои социјалдемократи посебно на градоначалниците заради тоа што четири години посветено работеа. На крајот одлуката во нашите органи и тела се носи согласно дослухот со граѓаните, рече денеска Заев.
Во врска со најавата на градоначалникот Шилегов за втор мандат, изрази уверување дека тој има изградено висок рејтинг заради тоа што, како што рече, се работеше и во време на пандемија и во време на референдум и на претседателски и на парламентарни избори сите овие четири години наназад.
-Убеден сум дека како и мене, така и нему, така и на заменичката претседателка Лукаревска и другите членови на раководството на СДСМ многу ни е важно граѓаните што мислат и како тие ги поставуваат работите. Локалните избори се избори на личности. Партиите се важни, се влијателни и се избори на личности. Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје. Но, истовремено е добра спојка помеѓу сите коалициони партнери заради неговата соработка. Секој од партиите ќе си каже, ќе се изјасни. Но, дефинитивно, јас реков, во заедништвото е успехот, силата, не мислам само на политичките партии, пред се мислам на граѓаните, но после тоа мислам и на локалната и на централната власт. Сите ние заедно можеме да дуплираме, триплираме ефекти од тоа што го работиме ако сме единствени, сплотени си помагаме и се разбираме помеѓу себе, рече премиерот Заев.