Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, изгледа сигурен дека процесот за менување на Уставот на Република Македонија ќе успее и дека му е загарантирано 2/3 мнозинство во Собранието.

Имено, сите средби кои му биле закажани од 12 јануари годинава, Заев ги откажал со образложение дека, наводно, мора да оди на зимовање и дека веќе уплатил во некој од ски центрите во Европа.

Изгледа дека Зоран Заев откако ќе го смени името и Уставот на Република Македонија, безгрижно ќе скија на некое од луксузните ски центри во Европа. Минатата година, семејството Заеви беа во „Selva di Val Gardena“ во Италија, еден од најмонденските и најскапи ски-центри во Европа. Цените на една просечна соба од ден таму се од 250 евра па нагоре.

 

 

Кој дестинација за луксузирање на маката на државата ја одбрале оваа година семејстовото Заеви? Дали тоа ќе биде Швајцарија, Gstaad или Davos? Или можеби Франција, Megève или Chamonix  Mont Blanc? Тоа се места кои се сметаат за едни од најлуксузните ски-центри во Европа, каде просечната цена за едно ноќевање се колку две просечни македонски плати.

Која и да биде, сигурно семејството Заеви ќе се обидат да го задржат нивото на луксуз како и минатата година, додека Македонците во државата, со своите плати ќе врзуваат крај со крај за да ги платат сметките за оваа зима и да им остане можеби нешто и за јадење.