На прашањето дали по изборите размислува за широка коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев одговори дека токму тоа е неговиот план по изборите на 12 април.
-Сум спремен и тоа како сериозно да размислам после победата да ги повикам сите да влеземе внатрe сите. Да ги повикам сите. Тоа е мој став личен, не се сум го разговарал со органи и тела на партијата да влеземе и да одработиме како што треба низ поглавјата, да го скратиме процесот на преговори, да ја департизираме администрацијата, да ги вклучиме и експертите и сите капацитети на државата и да разговараме, вели Заев.