На барање на опозицијата поднесов оставка преземајќи ја за мене одговорноста за француското вето во октомври 2019 година. Го повикав целиот народ да се изјасни дали е за проевропска агенда или ќе ја менуваме стратегијата. Победивме на изборите, мое повлекување прво значи изневерување на сите тие граѓани.

Ова во интервјуто за Сител го истакна премиерот Зоран Заев, додавајќи дека веќе се повлекол една година порано.

Во однос на тоа дека во моментот Македонија има вето од Бугарија, а евроинтеграцискиот процес беше клучно вето на власта на изборите, Заев рече дека државата ги продолжува евроинтеграциските процеси.

-Стартувавме со „Акција 21“ и ќе се европеизирање и натаму надевајќи се дека час поскоро ќе го решиме прашањето со бугарија. Меѓутоа, ветувме и редовни избори. Доста е со тие предвремени избори, постојано секоја година да имаме предвремени избори. И претходната влада во голем дел функционираше со 62, а после со 67 пратеници кога се направи пошироката коалиција. Парламентарното мнозинство некогаш во историјата на македонскиот Парламент била и 80 и 75 и 72, па повторно проблемите биле видливи. Сега тие се видливи зашто имаме позитивни пратеници на ковид, имаме во самоизолација. Тоа не е причина да се оди на избори. Кога ќе одиме на избори што? Повторно истите бројки ќе се повторат?, рече Заев додавајќи дека СДСМ води 3,4 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека бројот на пратеници нема да смени ништо посебно, но се загубат шест месеци и ќе има големи штети врз економијата.