Откако совлада повеќе светски јазици, Зоран Заев сега се свртел и кон математиката. Така, објаснувајќи на „Ѕинговизија“ колку се ефикасни вакцините, тој истакнал дека од моменталните 7 700 активни лица само 10 отсто биле вакцинирани, што изнесувало 77 лица.
Како 10 отсто од 7 700 се 77, а не 770, тоа веројатно само нему му е јасно, но со бројките сигурни не греши така кога се во прашање неговите бизниси.
Се разбира, ан ова не можеш да се спротивставиш ниту ако си новинар, оти не кажал било кој, туку лично Заев. Па така, од денес имаме ново правило а тоа е дека кога пресметуваш 10 отсто од нешто, тоа е помалку за 100 пати.
На ова реагираше Никола Пановски, кој не се согласува целосно и со владеачката здравствена теза (што како теза веројатно не ја поддржува веќе нту еден сериозен научник) дека вакцинираните се позаштитени од прележаните.