Со измените на Законот за стечјаци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1.100 стечајци, објави премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ-профил.

Заедно со претходните законски решенија, напиша тој, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото на надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13.000 лица.

– Определбата на Владата за спроведување социјални политики насочени кон сите наши граѓани од ранливите категории, како што се стечајците, пензионерите и невработените, продолжува и во наредниот период, објави Заев на Фејсбук.