Премиерот Зоран Заев денеска најави дека наредната недела продолжува следниот чекор од реконструкцијата на Владата.
Како што најави ќе има смени на заменици министри и директори на институции. Очекува целиот процес да заврши до крајот на јули.
– Се работи за повеќе од дваесетина директорски места на централно ниво. Веројатно повеќе од триесетина на локално ниво. Има подрачни единици, замениците, тоа се веќе испразнети места, непополнети кои што ќе завршат во овој период на јули. Идната недела веќе ќе одиме со следниот чекор, изјави Заев при денешната посета на Стоби, одговарајќи на новинарско прашање до каде е реконструкцијата.
Посочи дека со смената на замениците министри и директорски места во подрачните единици во државата ќе заврши самата реконструкција.