Премиерот Зоран Заев вечерва апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и на тој начин да придонесат во намалување на ширењето на Ковид -19.
– Работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен за оние што вршат достава на храна. Апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, само преку почитување на мерките може да придонесеме во намалување на ширењето на КОВИД-19, напиша Заев на Фејсбук.