Довербата во здравствениот систем е преку 80 отсто и се зголемува бидејќи на пиедестал е пациентот, објави денеска бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– За него постои здравството. Лекарите ги охрабривме преку подобри примања, преку подобри услови, преку подобри и поопремени болници, за да можат да ги имаат сите услови за грижа за пациентите, објави Заев на Фејсбук.