Дваесетина вработени во гостиварската Подрачна единица на Центарот за јавно здравје, се испратени во домашна изолација, откако нивни колега, медицински техничар добил позитивен резултат за коронавирус, информира „Гостивар прес“

Епидемиолошката служба и микробиологија во Гостивар од вчера се затворени. Од сите вработени се земени брисеви за да се испита евентуално присуство на корона. Во меѓувреме им е наложено да останат во домашна изолација.

Gostivarpress.mk за случајот се обрати до Институтот за јавно здраве и Министерството за здравство, од каде очекуваме одговор кои мерки се преземени и како ќе се организира работата на службата, со оглед дека се наоѓаме во пандемија.

Извор: Gostivarpress.mk