– Длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија беше една од темите на денешната средбата на премиерот Зоран Заев со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Заев денеска беше на аудиенција кај папата, со кого имаше тет-а-тет средба, а потоа поглаварот на Римокатоличката црква ја прими македонската делегација, која ја предводи премиерот во посета на Ватикан, која се остварува традиционално во рамките на програмските активности на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Во македонската делегација се сопругата на Заев, Зорица Заева, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, државниот секретар гво МНР, Виктор Димовски, советникот на Заев за надворешна политика, Дане Ралески и директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски.

МИА