Скопје прифаќа „ерга омнес“ само за името „Република Илинденска Македонија“, пишува грчка „Иефемерида“, притоа не наведувајќи прецизен извор. Се претпоставува дека изворот е од грчката преговарачка страна. Според весникот, практично преговорите во Њујорк биле заглавени поради ова.

Од друга страна, како што наведува весникот, македонскиот министер Никола Димитров, го отфрлил предлогот „Горна Македонија“, име што ја задоволува грчката страна.

Грчката страна преку министерот Никос Коѕијас реагирала дека името „Нова Македонија“ не ги решава целосно грчките грижи. Така, името „Република Северна Македонија“ повторно се враќа на масата, наведува „Иефемерида“.

Не се знае кога ќе биде следната средба Димитров-Коѕиjас, наведува весникот, иако е најавено дека таа ќе се одржи во Брисел. Нимиц, пак, одбил да одговори дали ќе се сретнат премиерите Ципрас и Заев.