Направивме чекори за пример и цел свет зборува за тоа, конечно го фиксиравме идентитетот, никој веќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на партиската трибина „На прв пат“ во Гостивар.
– Во Обединетите нации нема веќе Фиром, сега е впишана личната карта на нашата држава. Во ООН е запишано, македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди, рече премиерот во заминување, Заев.