Да не се бараат изговори и да се поддржи законот за личните карти, рече премиерот Зоран Заев коментирајќи ги замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти, за кои опозицијата прифаќа да има етничка определба во личните карти, но поддршката ја условува со тоа придавката „северна“ да не стои во личните карти.
Премиерот Заев посочи дека кога се крои законско решение не е пресуден само Договорот од Преспа, туку и Уставот на државата, според кој, државното име е Република Северна Македонија.
„Тоа знаете како е ‘сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот’. Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи бидејќи сме мултиетничка држава, јас знам дека има дебати и следам дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никогаш не сме се криеле ниту некој од својот идентитет се срамел, напротив, сме се гоордееле и како мултиетничко општество сите се гордееме со етничката разноликост по која сме препознатливи и сме пример за соживот и можат многу развиени земји да учат од нас. Уставот на крајот на денот е Република Северна Македонија и апелирам да дадат поддршка, да не се бараат изговори, затоа што кога поднесувате законско решение не е само договорот од Преспа туку постои и Уставот, а тој вели дека нашата земја е Република Северна Македонија“,