Во очекување на тоа дали ќе се одржи Меѓувладината конференција, Зоран Заев кажа дека проблемот со Бугарија нема да биде решен.
„Имам чувство дека во 22 јуни нема да се реши проблемот, но не е невозможно“, изјави Заев.
– Верувам дека во четврток ќе можеме да навлеземе детално во тие разговори. Она кое што морам да го кажам, имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова. Да не ги дигнам очекувањата на сите заради тоа што реалноста е дека во Бугарија дека на 11 јули имаат избори. Но, истовремено имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме дури и успех и заклучиме од прилика договор којшто би бил верификуван од следна политичка влада и од парламентот, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
Според него, значајно е што нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
– Тоа не е прашање на разговори. Зборуваме за динамиката во месеци, во полугодија, во години или во континуитет на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта. Зборуваме за интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, но секако зборуваме и за креативниот дел на португалското претседателство којшто го даде како предлог за да може конечно пријателска Бугарија да ни даде пас односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција преку усвојувањето на преговарачката рамка, истакна Заев.