За форензиките, не знам што е форензичко бришење, знам дека институциите ќе си постапат како што треба, имаме добро поставен обвинителски систем, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека и самиот тој се информирал од медиумите за последните информации дека Катица Јанева наредила форензичко бришење на компјутерите во СЈО.

За случајот Рекет рече дека не сака да коментира и дека не се ни труди да врти телефони за да дознае нешто.

„Се води истрага, политичарите треба да бидат надвор. Ја користам приликата да ги охрабрам истрагата да продолжи без разлика до кого е стигне“ , рече премиерот.