Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, извозот само од ТИРЗ во С. Македонија се зголемил за 17 отсто, објави денеска премиерот Зоран Заев.

– Според последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од РС Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66,12 милијарди денари и бележи пораст од 9,9 % во однос на истиот период од претходната година. Според податоците на ТИРЗ, во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, извозот само од зоните се зголемил за 17%. Компаниите во ТИРЗ бргу заздравуваат од кризата, а се очекуваат и нови инвестиции во висина помеѓу 80 и 100 милиони евра. Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, С. Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина, објави Заев на Фејсбук.

Но, за жал, оваа розова слика во реалноста е сосема поинаква, ако се земе предвид дека десетици илјади работници останаа без работа и без леб во периодот за кој Заев ни дава „розова слика“ за Македонија.