Премиерот Зоран Заев со видео порака преку Фејсбук најавува нова бомба – инвестициски циклус од пет милијарди евра.
– Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат, вели Заев во пораката преку неговиот официјален Фејсбук профил.