Одбројуваме до денот кога нашиот народ ќе излезе за европска Македонија. Само еден настан во поновата историја може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме. Тоа е настанот од пред 27 години, тоа е денот кога сите гласавме за независна Република Македонија.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев во Клубот на пратениците во Скопје каде што ја промовираше кампањата за рефередумот на 30 септември на коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“.
– Ни претстои настан со историски пропорции што ќе влијае на годините кои доаѓаат. Со целосна политичка одговорност коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ составена од партиии, здруженија на граѓани, политички партии, граѓански здруженија, стопански комори, синдикати…, кои на претстојниот референдум сме согласни заеднички и одделно да ги повикаме граѓаните на 30 септември да излезат и да гласаат за подобра Македонија, рече Заев.
Тој посочи дека во коалицијата што ќе води кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ заедно се здружени околу стотина субјекти во и оти очекуваме таа бројка да расте.