Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работите,порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, откако вчера Софија го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција.
Според Заев, Владата постапува рационално и без конфликти да стаса до решение бидејќи, како што истакнува, тоа е европскиот и македонскиот начин.
-Немаме друга алтернатива освен европскиот пат. Владата постапува рационално, без конфликти да стигнеме до решение. Тоа е европскиот начин. Тоа е македонскиот начин. Сакам целиот наш народ да знае дека има можности и постојат шанси за успех, притоа заштитувајќи ги сите наши интереси. Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работиме, напиша Заев на ФБ.