Просечната плата континуирано расте. Во септември 2021 година, просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.869 денари, што е за 5,3 отсто повеќе во однос на истиот месецлани, објави Зоран Заев, премиерот кој поднесе оставка па се попишмани.
– Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13,2%), Рударство и вадење на камен (12,8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат. Според трендот и реалните очекувања, просечната плата планираме да ја донесеме до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година, објави Заев на Фејсбук.
Заев дојде на власт со ветување дека ќе ја зголеми просечната плата на 500 евра, но го троши вториот мандат и во најава е нова влада „Заев тројка“, а се уште е далеку исполнувањето на ветената просечна плата.