Имаме 10 џиновски понуди за хидроцентралата Чебрен и Галиште, проект вреден 800 милиони евра, објави вечерва премиерот Зоран Заев.

– Инвестираме во проекти за чиста и еколошка енергија. Имаме 10 џиновски понуди за хидроцентралата Чебрен и Галиште, проект вреден 800 милиони евра. После 30 години неуспешни обиди, правиме сѐ за овој проект да успее. ТЕЦ Неготино ќе се стави во функција со производство на природен гас. Постепено ќе ги затвораме блоковите во РЕК Битола, објави Заев на својот официјален профил на Фејсбук.

Заев пред неколку години објави, исто така, влез на џинови од светската ИТ технологија. Но, до денеска ИТ џиновите на Заев не влегова во Македонија.