Лани пред потпишувањето на Договор со Грција анкетите покажуваа дека поддршката за името С. Македонија беше само 17 отсто, а сега според некои анкети таа поддршка е до 67-68 отсто кај граѓаните на С. Македонија, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.
Според Заев оваа поддршка за новото име на граѓаните на Македонија е поради тоа што тие ги почуваствувале благодетите од евроатлантските интеграции, за што се бараше промена на уставното име на Република Македонија.
За аферата со руските комичари рече дека тој комуницира со сите светски лидери и ќе продолжи, но…
– Насанкан сум. Се изгорев на млеко, сега ќе дувам и на јогурт, рече Заев и потсети дека на ист начин бил насанкан и од граѓанин на Македонија пред седум години.
Интервјуто е во тек.