„Испраќам порака за помирување и простување за настаните на 27 април“, рече денеска Зоран Заев пред пратениците во Собранието на РМ во обраќањето по отворањето на седницата по чие завршување треба да се гласа за тоа дали ќе се пристапи кон измена на Уставот.
За да помине предлогот потребни се 8о пратенички гласови. За дневниот ред гласаа 71 пратеник, а 4о беа против. Нема информации за тоа што се случува со останатите девет пратеници од составот од 120. Токму тие девет се потребни за да се стигне до 80 глас апотребни за уставни измени.
Според неофицијалните информации Ферид Мухиќ гласал прротив.
Истовремено, Заев побара десната и левата сѕрана на Собранието, односно пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНе да си подадат рака. ЈА преземам политичката опдговорност за сето ова, истакна Заев.
Седницата е во тек.