Исклучително успешно стартуваше пописот во земјавс. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека беше недела и дека е прв ден за попис, оцени денеска премирот Зоран Заев.
-Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20 години со апелот на сите политички субјекти, на сите општественици, со професионалниот кадар на статистика под раководство на директорот Апостол и заменикот директорот, пред се, нашите граѓани во педесетина региони исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека е недела и дека е прв ден за попис. Сакам да им честитам на сите попишувачи, но најмногу на сите граѓани, рече Заев.
Премиерот посочи дека прашалникот содржи прашања за статистички податоци, дека дури и за време на пандемија тоа е возможно да се спроведе затоа што физичките дистанци се одржуваат доколку тоа е потребно.
– И навистина првиот ден е исклучително охрабрување за успешен попис. Секако имаме уште 24 дена до 30 септември, но сакам да се заблагодарам на сите кои успешно стартуваа, пред, се на министерот за правда, на Заводот за статистика, но и на граѓаните и на попишувачите. Верувам дека податоцте ќе бидат сериозен идникатор за уште поуспешни севкупни политики на развој на нашата земја, изјави Заев на настанот по повод промоцијата на поштенска марка повод 30 – годишнината од независноста на земјата.