Локални избори заедно со парламентарни годинава нема да има, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој денеска ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентрни избори заедно со локалните, додека во врска со пописот изјави дека ќе се одржи како што е предвидено од 1 до 21 април годинава. Заев ова го кажа одговарајаќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по потпишување на договорот за грант за енергетска ефикасност со германската КфВ банка.
– Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија која што мисли дека треба да има, нека се изасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори, рече Заев.
Тој истакна дека дојде време да се работи и да се сработи до крај, заради тоа што е важен секој месец, секој ден, секој час, а не постојано да се оди на избори.
-Ако има парламентарно мнозинство, Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката како што мислат, рече Заев.