На пратеничко прашање од пратеничката Ане Лашкоска, околу твитот во кој ги употреби зборовите „македонска фудбалска репрезентација“, премиерот Зоран Заев денеска од собраниска говорница кажа дека твитот е погрешен, затоа што фудбалската репрезентација ја преставувала државата, а според Договорот од Преспа, треба да стои репрезентација на Северна Македонија.
„Проблемот е што барате начин како да ја замајувате јавноста како неискрен пристап во она што преставува гарантирање на иднината. Кога се претставува државата, а репрезентацијата ја преставува државата, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија. Тоа е јасно потврдено во Преспанскиот договор. Македонско, македонски, македонско, македонец, тоа се употребуваат во сите други форми на општење и соопштување на ставовите. Затоа е коректно и политички да човек се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор“, рече Заев.