Премиерот Зоран Заев за телевизијата 24 Вести вели дека блокирал одредени истражни дејствија за двајца функционери. Тој не сакаше да каже кои се тие двајца функционери, затоа што имало само индиции дека правеле криминал, но тврди дека тие повеќе не се на функциите.

„Дали го слушате што кажува човеков, мајко мила?? Признава јавно дека заради неговите дејствија извршил кривично дело попречување на правдата (со мојата дејност блокирав одредени истражни дејствија) и спасил криминалци од затвор! И се фали со тоа јавно на телевизија! Боже Исусе што нè снајде, дали само јас ова го гледам или цела Македонија е сведок со кого си имаме работа!?”, прашува Роберт Милевски, член на Македонскиот национален совет,  кој не може да разбере зошто Заев во интервју за 24 Вести признава дека спасил криминалци од истрага.