Пријавен е за исчезнат повозрсен жител од дебарското село Могорче.

Неговото исчезнување вчера наутро го пријавил неговиот син.

-Вчера во Полициската станица во Дебар, А.М.(35) од Дебар пријавил дека неговиот татко И.М.(77), кој живеел во селото Могорче, се оддалечил од домот. Полициската станица од Дебар презема мерки за пронаоѓање на лицето, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Исчезнатиот И.М. бил облечен во панталони и кошула.