Во судот во Скопје денеска почна судењето по тужбата на премиерот Зоран Заев за потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за клевета за изјавата на Николовски дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот ‘Рекет’“.
На првото рочиште Николовски, кој сам се брани во случајот, како доказ ја прикажал снимката на осудениот на 9 години затвор за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во која тој изјавува дека „парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“.
„Процесот си е во истрага и ќе се открие кој е виновен. Денеска сме на судење бидејќи Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Заев е организатор на рекет. Кој како врв на СДСМ рекетирал многу бизнисмени не еден него повеќе за вредност од 20 милиони евра, без докази. Јас тврдам дека овој процес е масло на ВМРО-ДПМНЕ и без наоди и доказа барам кривична одговорност. Очекувам судот да потврди дека се работи за клевета“, изјави премиерот Зоран Заев по денешното рочиште.