Ветувам пресврт во политичкото делување, објави денеска премиерот и претседател на СДСМ, објавувајќи ја кандидатурата за лидер на владејачкиот СДСМ.
– Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените! Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март. Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат, најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Република Северна Македонија, објави Заев на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Познато е дека Заев е многу „дарежлив“ во ветување метли, железни опинци за просечни плати од 500 евра, бесплатно здравство за сите во ЕУ, добиени датуми од ЕУ … А сега ќе чекаме, покрај се друго што досега ветил, и пресврт!