Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Северна Македонија, пишува Курир.
– Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на Северна Македонија. Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод. Значи они инсистираат да стои историјата на Република Северна Македонија и секаде да стои така, рече Заев.
Заев додаде дека таквата употреба кај нас политички веќе е решена и дека историчарите од бугарската страна треба да ги добијат насоките од нашето Министерство за надворешни работи.