Премиерот Зоран Заев денес ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, согласно националниот план за имунизација на населението, извести Владата на РМ.
Премиерот Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда, стои во соопштението.
Премиерот Зоран Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
Инаку, интересно е дека сите државни првенци се вакцинираа со кинеската или руската вакцина. Заев и членовите на Владата, вклучувајќи го и Филипче, се вакцинираа со Синофарм (освен, ако не се лажеме министерот Маричиќ и уште двајца министри кои добија Фајзер, но тој податок остана непотврден), претседателот на Собранието и пратениците се вакцинираа со Спутник, а претседателот Пендаровски со Синофарм.
Додуше, Пендаровски рече дека примил Фајзер (во Куманово), но некои новинари објавија дека лекарката која го вакцинирала Пендаровски им кажала дека примил Синофарм.
Прашањето е зошто е тоа така? Во ова нема политика, туку станува збор за тоа дека Фајзер е направена со досега неприменета технологија и ја следат одредени контроверзи заради методот со кој е создадена, иако тој метод се истражува десетина година (се бара вакцина за ракот). Факт е дека никој не знае дали на долг рок оваа вакцина ќе донесе некакви негативни последици, а за ова е забранет да се зборува бидејќи веднаш се добиваат политички напади (односи исток-запад), што ен ебше случај кога стануваше збор за британската вакцина, антиваксерски квалфикации, забрани на социјаните мрежи и слично, што пак, само по себе ги засилува сомнежите.
Од друга страна, факт е и дека речиси 250 милиони Американци примија вакцини создадени со оваа технологија (Фајзер и Модерна) и цела западна Европа се вакцинира со овие вакцини плус АстраЗенека (ако кај некој се јават тромбови од АстраЗенека после, на пример, три месеци, бидете сигурни дека никој нема да го доведе тоа во врска со вакцината).
Во секој случај, неколку стотини милиони луѓе од САД и западна Европа ги примија овие вакцини, што оди во прилог на размислувањето дека не се до толку луди па да им инјектираат ан своите граѓани нешто во што не се сигурни.
На спротивната страна е кинеската вакцина (Синофарм како вакцина со 80 отсто ефикасност и Синовак со 20 проценти помала ефикасност од Синофарм, а токму од Синовак чекаме 500 000 дози), која е создадена со стариот метод кој подразбира создавање вакцина со умртвен вирус, однсно создавање вакцина како што се создаваат со децении наназад. Дали така се погоди, па сите државни првенци примија кинеска вакцина (освен пратениците) или во прашање е сепак размислувањето – „Ние да си бидеме сигурни!“
На трета страна е фактот дека голем број од македонските лекари, значи тие кои би требало да знаат нешто за ова, ја добија Фајзер. Точно е тоа дека никој од нив не учествувал во испитувањата за оваа вакцина и може да го знае само тоа што ќе биде објавено, но сепак, нивното разбирање за вакцините, по дефиниција е поголемо од тоа на лаиците, а не слушнавме дека некој од нив одбил да се вакцинира.
Сепак, тоа не ги расчистува дилемите, кои во погле дн вакцините дојдоа токму од запад (први беа француските стручњаци, на кои не би можела да им се залепи некаква национална етикета бидејќи Франција не произведе вакцина, иако д-р Вело Марковски пред некој месец тврдеше дека „Луј Пастер“).
Интересно, и српскиот претседател Вучиќ ја прими Синофарм, а Србите барем ја имаа целата лепеза на вакцини кои постојат.