По многуте „селфиња“ низ Европа и пошироко, и по дебаклот со надворешната „политика на добрососедство“ со ветото од Бугарија во ЕУ, премиерот Зоран Заев „удри“ на домашната економија во Македонија.

– Десетте приоритети од Акција 21 – Европски стандарди дома се принципите и нашата заложба кои ќе нѐ водат во наредната година, објави Заев на Фејсбук, нагласувајќи дека „Европа дома“ значи подобар живот за секој македонски граѓанин.

Според Заев, исполнувањето на овие 10 приортитети ќе биде мотив на Владата да работи и да го продолжи со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество.

– Европа дома значи подобар живот за секој македонски граѓанин, за секој еден човек што живее во нашата заедничка С. Македонија. Прочитајте повеќе за 10-те приоритети за 2021 година на vlada.mk/akcija21, наведува премиерот Заев на својот фејсбук-профил.