Следниот викенд ќе се знае распоредот на листите на СДСМ и коалициските партнери за изборите на 12 април, во партијата работи комисија од меѓународни и домашни експерти за селекција на кандидатите, информираше денеска на прес-конференција претседателот на владејачката поартија Зоран Заев.
-СДСМ работи на оценка и анализи, а во моментов работи и комисија од меѓународни и домашни експерти дополнета со претставници на политичкото раководство на СДСМ за квалитетна селекција на кандидатите кои треба да бидат репрезенти на локалните заедници. Ние се уште немаме потврдено со сите партнери дека имаме коалиција. Идниот понеделник треба да ги утврдиме кои се коалициски партнери и кои се местата кои ќе ги добијат и кои се кандидатите на СДСМ што бидат на листите, рече Заев
Според него, кадндидатите треба да се достоинствени репрезенти на народот и нагласи дека не е важно дали доаѓаат од СДСМ, Беса, НСДП, ДОМ ПЦЕР, или од партиите на Бошњаците, Власите Турците…
Јавноста е информирана дека такви табли имаше поставено во повеќе општини низа Македонија каде што нема ниту еден Албанец, а и тоа дека повеќе од таблите беа искршени од револтирани граѓани. Заев можеби не е информиран дека таква табла (на фотографијата) беше поставена и во неговата Струмица и искршена од граѓани.