Стратегијата за производство на тутун за периодот 2021-2027 година заедно со акциониот план е усвоена од страна на Владата на 43-тата седница.

Информацијата на својот фејсбук профил денеска ја сподели премиерот Зоран Заев.

– Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун се: државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони и поддршката за формирање на организации на производители, напиша Заев на Фејсбук.